Голем граѓански протест на ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти јуни

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе организира голем граѓански протест на 18 јуни, а блокадата на Собранието продолжува. Ова е заклучокот од денешниот состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вечерва заеднички се согласивме околу неопходноста за организирање на голем народен протест кој ќе се одржи на 18-ти јуни. Извршниот Комитет одлучи во наредниот период да продолжи активната блокада во Собранието на Република Македонија. А, воедно ја оставаме отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи. Подаваме рака и испраќаме порака за обединување на обесправените, сиромашните, стопанствениците, просветните работници, докторите, професорите, земјоделците. Напатениот народ на Македонија, рече Муцунски.

Протест за промени и подобар живот! Премногу е! Ова е протест за промени! Основната причини за донесувањето на наведените одлуки, за жал е отсуството на било каква подготвеност на премиерот и владејачка гарнитура за воспоставување на вообичаен политички дијалог со опозицијата и барем минимум државно единство во поглед на нашите барања за изнаоѓање соодветни излезни решенија околу одредени кризни состојби и предизвици со кои веќе подолг временски период се соочува нашата држава. Протестот очигледно е изнуден и повеќе од неопходен и затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и во еден глас да соопштиме дека тие се оние кои ја даваат и одземаат довербата. Време е да се обединиме, а нашите граѓани се мудри и знаат да го направат вистинскиот избор. Повторувам, молкот не е опција! Протест за промени и подобар живот!, заврши Муцунски.

Please follow and like us:
Tagged