(ФОТО) Изведба на фекална канализација во село Лескоец

Охрид

Екипи на ЈП Нискоградба Охрид работат на изведба на фекална канализација во село Лескоец (курајчка мала).

Должина на трасата изнесува 235 метри, а се работи на поставување на цевки за улична канализација со дијаметар Ф200 и изведба на 8 армирано бетонски ревизионни шахти покриени со лиено железен капак. Вредноста на проектот изнесува 1.667.571.00 денари.

“Со овој инфраструктурен зафат трајно се решава одведување на отпадните води за жителите на овој дел од општина Охрид со што се подобрува квалитетот на живеење и допринесува за заштита на животната средина”, велат од претпријатието.

Please follow and like us:
Tagged