Охриѓанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Охрид Црна хроника

На 21.05.2022 година во 10.50 часот на крстосницата од булеварот „Туристичка“ со улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид, патничко моторно возило „фолксфаген артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(42) од Охрид, удрило во велосипедист Х.А.(78) од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged