„ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на силниот турнир „3 Гран При Зворник 2022“

Охрид Спорт

Викендов што доаѓа, Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ во БиХ, кој е најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко, каде што своето учество го имаат пријавено повеќе земји.

Охридскиот клуб ќе настапи под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан.

“На овој натпревар одлучивме боите на клубот, а воедно и на Македонија да ги бранат 20 натпреварувачи, од кои 5 редовни натпреварувачи, а 15 дебитанти кои се надеваме дека добро ќе не претстават иако конкуренцијата е голема, вели Лазаревски, кој користи прилика да изрази најголема благодарност до нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој e најзаслужен за нивното учество на овај престижен натпревар, а и за сите нивни учества на најпрестижните турнири како и за нивните огромни успеси.

Исто така од клубот го најавуваат нивниот турнир “ОХРИД ОПЕН 2022”, кој е меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир, а кој ќе се одржи на 25 јуни 2022 во СРЦ „Биљанини извори“, каде ќе имаме можност да ги гледаме нашите натпреварувачи и да уживаме во убавините на овој атрактивен спорт.

Please follow and like us: