(ФОТО) Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Охрид

Во рамките на своите активности, а поврзани со уписите на учениците во средно образование во учебната 2022/2023 година  ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ денеска организираше „Отворен ден“ за учениците од завршните одделение од основните училишта од Охрид и околината каде ги презентираше своите можности за образование пред идните средношколци.

Учениците ги посетија кабинетите и работилниците во училиштето каде се запознаа со трудови и практични проекти изработени на часовите по практична настава. На овој начин  беа истакнати предностите на стручното образование. Акцент беше ставен на дуалното образование кое е спој на теоријата и праксата, а кое се спроведува во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

На настанот присуствуваа претседателот на Советот на општина Охрид, Сашо Донев, советникот Наум Јамандиев и генералниот менаџер на „Костал“, Виктор Мизо.

Во рамките на настанот компаниите „Магна“, „Костал“ и „ЛТХ Леарница“ имаа поставени свои штандови на кои заинтересираните ученици можеа да се информираат за можностите кои ги нудат. 

Please follow and like us:
Tagged