Охриѓанец со возило удрил во малолетен пешак кој се здобил со тешки повреди

Охрид Црна хроника

На 27.05.2022 во 20.55 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Даме Груев“ патничко возило „форд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Т. од Охрид, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged