Вечерва и утре сите патишта водат кон манастирот Свети Спас во Горно Лакочереј

Охрид

Православните верници утре го прославуваат Спасовден, празник што се празнува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духовден и секогаш е во четврток.

Празнувањето почнува од вечерва, а во Охрид, верниците масовно се упатуваат кон манастирот Свети Спас во село Горно Лакочереј, каде палат свеќи за здравје, се молат, носат дарови, а црковниот одбор има подготвено јадење и музика.

“После долго време, даде Бог празникот ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО -СПАСОВДЕН да се одбележи како што налага традицијата, со веселба и дружба. Затоа ве покануваме вечерва во Манастирот да уживате во музиката и да се заблагодариме на Бога преку молитва. Вечерната литургија започнува во 19:00 часот, а после тоа следува забава со музика и вечера! ЗА МНОГУ ГОДИНИ !!!”, велат од манастирот.

Please follow and like us:
Tagged