Заврши акцијата „Цветни балкони- цветен Охрид“

Охрид

Жителите од селата Велгошти, Лескоец, Косел и Долно и Горно Лакочереј, каде се спроведува акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“, претпладнево покажаа голем интерес и дојдоа да подигнат жардиениери со саксиско цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.

Во рамките на акцијата беа поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе, истата беше предвидено да се реализира денес и утре, но поради големиот интерес таа заврши.

Акцијата „Цветни балкони- цветен Охрид“ Општина Охрид ја организира традиционално во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни-Светскиот ден на животната средина.

Please follow and like us:
Tagged