(ФОТО) Празникот Свети Константин и Елена свечено прославен во Охрид

Охрид

На 03.06.2022 година, денот кога ги прославуваме светите рамноапостолни цареви Константин и Елена, во храмот „Св. Константин и Елена“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Васил Михајлоски и ѓаконот Марко Спасовски.

По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

“Денешниот празник на светите цар Константин и царица Елена ни дава две поуки. Првата е при секоја прилика и непријатност од нашиот живот да се обраќаме кон силата на чесниот и животворен крст Господов, а втората пак е, по нивниот пример да работиме за раширување и утврдување на нашата вера во Вистинскиот Бог, секаде каде се наоѓаме. Свети цар Константин со знакот на крстот што го видел на небото, ги победувал не само надворешните, туку и внатрешните непријатели. Крстот Христов за него бил секојдневно заштитно орудие. Со неговата сила и духовниот благочестив живот, со што тој се прославил пред сѐ, е вбројан во ликот на Божјите угодници – светиите. Како не би бил победител со крстот Христов, кога нашиот Спасител еднаш засекогаш на Голгота ги победил сите непријатели на нашето спасение? Како не би бил победоносен, кога во него е сокриена спасителната небесна сила на Богочовекот Христос, нашиот Спасител”, истакна Митрополитот Тимотеј во дел од беседата.

svkonstielen2022
 DSC0184
 DSC0187
 DSC0202
 DSC0210
 DSC0213
 DSC0219
 DSC0231
 DSC0243
 DSC0247
 DSC0248
 DSC0259

извор: Дебарско-кичевска епархија

Please follow and like us:
Tagged