”Ново утро” – нова песна на охриѓанецот Александар Петрески

Култура Охрид

Охриѓанецот Александар Петрески, кој живее и работи во Германија, деновиве ја промовираше неговата нова песна насловена ”Ново утро”.

-Идејата за песната се роди некаде пред една година, првично како текст идеја која ме разбуди рано наутро, а потоа ја направив и музиката. Во текстот се испреплетени повеќе теми, од кои доминантна е една, во која се спомнати емоционалните и психолошките предизвици и доживувања кои ги поминувам секогаш кога го напуштам мојот роден град Охрид. Видеото е снимено на две локации во градот Neuss, каде што живеам, а заради тематиката се одлучив да биде во црно – бело.
Ве молам споделувајте натака, преку музика да шириме позитивна енергија, вели Петрески.

Please follow and like us: