Пронајдена дрога кај охриѓанец, сопственик на угостителски објект

Охрид Црна хроника

На 09.06.2022 во 21.40 часот на ул.„Цар Самоил“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје лишиле од слобода 51-годишен охриѓанец.

При претрес во угостителски објект што го користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged