(ФОТО) Започна да функционира новиот веслачки клуб „Горица Ремо“

Охрид Спорт

На овогодинешниот јубилеј, 90 години од почетокот на веслачките спортови на Охридското Езеро, започна да функционира новиот веслачки клуб „Горица Ремо“.

За непречено функционирање на клубот Општина Охрид посредуваше во обезбедување на донација од веслачка опрема, од страна на швајцарскиот клуб „Сееклуб“ Биел, во вредност од околу 20.000 евра.

Опремата беше презентирана денеска на пригоден настан, во присуство на членовите на клубот, претставници на донаторот и градоначалникот Кирил Пецаков. На презентацијата од страна на клубот беа врачени плакети за благодарност на сите оние кои дале свој придонес во активностите за возобновуање на веслачките спортови во Охрид.

Веслачката опрема се состои од веслачки скул двоец, два веслачки скул четверец, два веслачки скифа, веслачки чамец четверец, како и весла и додатна опрема.

Со новиот веслачки клуб, по пауза од нешто повеќе од шест години продолжува да функционира веслачка школа во Охрид.

Veslacki_klub_20220613002
Veslacki_klub_20220613003
Veslacki_klub_20220613004
Veslacki_klub_20220613005
Veslacki_klub_20220613006
Veslacki_klub_20220613007
Veslacki_klub_20220613008
Veslacki_klub_20220613009
Veslacki_klub_20220613010
Please follow and like us:
Tagged