Викендов ,,ОХРИД ОПЕН 2022” – Меѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди

Охрид Спорт

На 25.6.2022, сабота, во спортската сала “Билјанини Извори”, Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид организира  Меѓународен Таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2022 “

На натпреварот учество имаат пријавено клубови од 8 земји: Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Албанија.

Натпреварот е организиран по највисоки стандарди на ИТФ, електронско судење, со можност за видео протест, пренос во живо на јутјуб, задолжен за судискиот систем е г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, а за судиската екипа е задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, на судискиот комитет за југоисточна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација.

– За сите љубители, влезот ќе биде бесплатен за да имаат можност да ги гледаат нашите натпреварувачи и да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт. Сите наши подржувачи ќе имаат можност да ги гледаат во живо европските вицешампиони  Давид Крстески, Елена Јанеска и Христијана Парулеска и да навиваат за нив. И како што е редот да изразиме благодарност до нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” кој и овај пат е најзаслужен за одличната организација. Исто така благодарност и до општина Охрид кои ни помагаат се што е во рамките на нивните можности, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на ИТФ Македонија, претседател и тренер на најуспешниот клуб Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид.

Please follow and like us: