Жител на Требеништа затекнат при кражба на гориво од машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Охрид Регион

На 24.06.2022 година во 00.30 часот во СВР Охрид приведен е Н.С. од селото Требеништа, општина Дебрца.

Тој, претходно е затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид и пронајдени му се две пластични туби со околу 50 литри гориво, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото: архива

Please follow and like us:
Tagged