Приведени 12 дрвокрадци во струшко, фатени при бесправна сеча на дрва

Регион

На 25.06.2022 година, во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда, преземени се координирани мерки од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумска полиција и ЈП,,Национални шуми“ при што, лишени од слобода се 12 лица на возраст од 23 до 49 години, од кои од кои осум албански  и четири државјани на Македонија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

-Тие се затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на лице место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири, истакна Димоски.


Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us:
Tagged