Во КИЦ “Култура365” се одржа настанот “28 години од смртта на А.ден Доолаард”

Култура Охрид

Вчера во просториите на КИЦ  “Култура365” се оддржа комеморативен настан  “28 години од смртта на холандскиот писател А. ден Доолаард”. По тој повод беше организиран овој културно-информативен настан од отворен карактер каде што беше истакнат животот и делото на овој холандски писател и неговата улога во промовирањето на Охрид и Македонија во светот. Се дискутираше за неговата важност и културното наследство кој тој го остава зад себе.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Охрид како и претставници од Холандија, Франција, Германија, Англија и многу други љубители на пишаниот збор.

Организаторот на овој настан Крсте Пурцов ни најави дека ова е само еден од многуте културно-информативни настани кои ќе следуваат во летниот период како и постоечката културна манифестација ЛУНУС – Летни Уметнички Ноќи на улица Самуилова. Ни истакна и дека во следниот период ќе има и настани каде што ќе земат учество поети, писатели и културни дејци од други земји.

Во чест на Мишо Јузмески ќе продолжиме со настани од ваков карактер како и промовирање и афирмирање на градот Охрид низ светот – изјави Пурцов.

Веќе овој четврток на 30ти Јуни следува промоција на детскиот стрип ‘’Бестрашниот’’ од Дарко Богданов, а како промотер на настанот ќе биде охридскиот писател Јордан Коцевски.
Настанот ќе започне во 20:00 часот.

Во прилог можете да видите дел од сликите од вчерашниот настан:

Please follow and like us:
Tagged