Колемишевски: Што остана од СДСМ – Заев до бездната, Ковачевски чекор напред

Македонија

Последниот директор на некогашниот државен гигант “Нова Македонија”, Панде Колемишевски, чиј син беше заменик министер во владеењето на СДСМ, за да ја објасни ситуацијата со владеачката партија се служи со една сликовита метафора која гласи: Зоран Заев го доведе македонскиот народ до работ на пропаста, Димитар Ковачевски ќе направи историски чекор напред.

,,Да ми кажуваше некој пред 20- 30 години дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе падне на најниски национални гранки ќе мислев дека човекот нема поим од политика. Да ми кажуваше некој дека СДСМ нема да биде партија што ќе ги шити интересите на македонскиот народ и внатре во Македонија и надвор од неа, во меѓународни рамки, ќе сметав дека ме провоцира и дека зборува глупости.

Денес се потврдува дека тие што го говореле тоа биле во право, а јас сум бил во заблуда. Иако не можам да поверувам што навистина се случува.

Мала ретроспектива ќе покаже дека Социјалдемократскиот сојуз, од времето на Бучковски до денешното на Ковачевски е во постојан идеолошки, политички и демократски пад. Сепак, центарот го држи Зоран Заев кој со договорите со Грција и Бугарија македонското прашање го врати 100 години на назад. Ја отвори Пандорината кутија во која Македонците ја губат и последната надеж за нивното опстојување во сопствената земја.
Всушност Заев и компанија во односите со Бугарија не понудија ништо ново и оригинално. Тие ја прекопираа идеологијата и ги остваруваат намерите на ВМРО – ДПМНЕ од времето на Љубчо Георгиевски. Георгиевски, при жив Бранко Црвенковски, стана главниот идеолог на СДСМ која ја спроведува неговата програма”, пишува во колумна за Нова Македонија Колемишевски, кој смета дека ова што денес го пишува во наводниот француски предлог, она што е бистро и чисто напишано во билатералните протоколи Георгиевски го пишуваше пред триесетина години.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Please follow and like us: