Во сообраќајка на патот Охрид-Кичево, повредени три лица

Охрид Црна хроника

На 07.07.2022 околу 14.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Песочан, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged