(ФОТО) Ветерот урна дрвја кај Кардиолошки – блокиран главниот влез, оштетен автомобил

Охрид

Невремето, проследено со силен дожд и ветер, кое попладнево го зафати Охрид предизвика проблеми кај Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Од налетот на силниот ветер беа урнати 4 дрва, од кои едно го блокираше главниот влез, а оштети и еден автомобил.

На терен веднаш излегоа екипи од ЈП “Охридски Комуналец” и Територијалната противпожарна единица на град Охрид, кои работат на расчистување на теренот.

Please follow and like us: