Возило излета од патот Охрид-Кичево, три лица тешко повредени

Регион Црна хроника

На 17.07.2022 во 07.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Врбјани и с.Сливово, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.З.(21) и уште еден малолетен сопатник од Гостивар, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged