Патиштата во Македонија се едни од најлошите: На Кичево-Охрид треба да има знак „опасен по живот“

Македонија Охрид

Иако возачите при секоја регистрација на автомобилите плаќаат за одржување  на патните правци а згора на тоа ги имаме и најскапите патарини, патиштата во Македонија се едни од најлошите.

Убедливо на прво место е патот кој од Прилеп води кон Битола. Тоа и не може да се нарече пат туку селски друм. Сите што минале оттаму велат дека ако имате камен во бубрегот може слободно да го истресете додека патувате. Целиот правец е со нерамнини и имате чуство дека се возите по пруга, а не по асфалт.

Овој пат е во  конкуренција со оној од Кичево до Охрид на кој треба да има поставено знак „опасен по живот“.

Сосема друга е сликата на патниот правец од Битола преку Ресен до Охрид. Патот е во одлична состојба иако не е автопат туку магистрала. Овој правец беше последен пат реконструиран за време на минатата власт и единствен нормален кој води до најголемиот туристички центар.

извор: Република

Please follow and like us: