Манастир Пресвета Богородица Пречиста – Kичевска Коњаница и оваа година учествува на „Илинденски марш 2022 година“

Регион

Како и претходните години, така и оваа година „Манастир Пресвета Богородица Пречиста Кичевска Коњаница“, зема учество во Илинденскиот Марш. Коњаницата веќе 8 години го опфаќа Кичевско – Демир Хисарскиот регион и тоа: Манастирско Доленци, Србјани, Кичево, Другово, Пополжани, Видрани, Брждани, Свињишта, Козица, Прострање, Велмевци, Илинска планина, Смилево, Слепче, Демир Хисар, Журче, Острилци, Крушево.

Самиот Кичевско – Демир Хисарски реон е и еден од најреволуционерните реон во Илинденскиот период, каде се и првите никулци на Македонската Револуционерна Организација со револуционерната посветеност на Ѓакон Јосиф, од Пречистанскиот Манастир – Кичево и на даскалите во селските училишта кои ја подигале свеста кај младите за ропството кое го трпи Македонија.

Оттука е, ѝ идеата за формирање на Кичевската Коњаница во 2015 година. Претходно возобновена од Кичевската Пешадија, која членувала во манифестации за чествување на Илинден уште пред осамостојувањето на Македонија. Кичевската Коњаница годинава по седми пат учествува на Илинденскиот Марш, кој трае од 31 до 2 Август (Илинден) во Крушево.

Иако именувана како Кичевска Коњаница, во неа членуваат членови од: Демир Хисар, Охрид (Дебрца), Битола, Вевчани, Скопје, Крушево, Гостивар, Ресен и Кичево. Сето тоа укажува на амбиентот во коњаницата, односно на братската врска помеѓу членовите.

„Манастир Пресвета Богородица Пречиста Кичевска Коњаница“, својот пат братски го дели со „Мавровско-Горнореканската Коњаница“, со која од 2016 година, па така секоја наредна, заедно учествуваат во марш-рутата кон Крушево.

Двете Коњаници од 27 до 31 Јули ќе поминат приближно 200 километри јавајќи на коњи. Ќе поминат предели кои се достапни само пеш или на коњ и ќе видат недопрена природа, која чиниш, секоја година чека на нив…

АГЕНДА НА  МАНАСТИР ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ПРЕЧИСТА КИЧЕВСКА КОЊАНИЦА

27 Јули (Среда)

07:00 Света Божествена Литургија во Манастир Пресвета Богородица Пречиста

09:30 Полагање на Света Заклетва во дворот на Манастир Пресвета Богородица Пречиста

14:00 Здружување со Мавровско-Горнореканската Коњаница каде двете коњаници ќе продефилираат низ Булевар „Ослободување“ во Кичево, од каде ќе се упатат кон црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, за благослов од Свештениците на Кичевската Парохија.

17:30 По благословот во градскиот храм во Кичево. Коњаниците преку селата Другово, Пополжани, Видрани, Брждани, Свињишта, пристигнува во селото Козица.

20:30 Пристигнување во село Козица, каде ќе биде организиран пречек на комитите со жива музика и прекрасен амбиент.

28 Јули (Четврток)

07:00 Вториот ден од маршот. Коњаниците го започнуваат, тргнувајќи од селото Козица, преку Белички Рид, кон село Белица.

08:30 Пристигнување во село Белица, во црквата „Свети Ѓорѓија“.

10:30 Тргнување од село Белица, преку селото Прострање, комитите се упатуваат кон селото Велмевци, каде ќе се поклонат пред вечното почивалиште на јунаците: Јордан Пиперката, Кузман Тодороски, Милош Тодороски, Ѓорѓи Бошкоски.

20:00 Пристигнување на манастир „Свети Илија“, на падините на Илинска планина.

29 Јули (Петок)

07:00 Утрото на 29ти, коњаниците од манастир „Свети Илија“, на падините на Илинска планина, преку прекрасните предели на Илинска планина, се упатуваат кон село Смилево

20:00 Пристигнување во манастир „Свети Петар и Павле“ во село Смилево, каде ќе биде организиран пречек на комитите со жива музика и прекрасен амбиент.

30 Јули (Сабота)

07:00 Коњаниците утрото на 30ти, од манастирот “Свети Петар и Павле“, ќе се упатат кон селото Слепче, а оттука ќе го продолжат патот кон крајната дестинација во саботата. 10:30 Пристигнување на манастир Свети Јован Претеча во село Слепче, оттука коњаниците се упатуваат кон градот Демир Хисар, каде ќе продефилираат низ градот

13:00 Пристигнување во градот Демир Хисар и пречек во општина Демир Хисар. Оттука коњаниците својот пат ќе го продолжат кон село Журче, каде и вечерта ќе преноќат

20:30 Пристигнување во село Журче, каде ќе биде организиран пречек на комитите со жива музика и прекрасен амбиент.

31 Јули (Недела)

09:00 Последниот ден од марш-рутата е на 31 Јули, каде тргнувајќи од село Журче, коњаниците се упатуваат кон градот Крушево каде ќе се задржат до Илинден, односно до 2ри Август. Кога и завршува овогодинешниот „Илинденски Марш 2022 година“, но претходно посетувајќи го селото Острилци

11:30 Пристигнување во село Острилци

16:30 Пристигнување во градот Крушево 

17:00 Приклучување на дефилето во градот Крушево, со сите коњаници кои учествуваат во „Илинденски Марш 2022 година“.

1 и 2 Август (Илинден)

Сите коњаници учествуваат на манифестацијата „Илинденски Марш“, до 2ри Август, Илинден. Кога се упатуваат кон Мечкин Камен и каде е генералната прослава за чествување на Илинденското Востание.

Please follow and like us:
Tagged