Поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, на Фејсбук објави фотографија од автопатот Кичево-Охрид и мостот Пелешец во Хрватска. Тој притоа кратко напиша, “Направи разлика”.

Како што е познато, и автопатот во Македонија и грандиозниот мост долг 2,4 километри ги градат кинески градежници,
Како што пишува Денешен, разликата е во тоа што откако на власт е актуелната владејачка гарнитура, за кинеските градежници кои градат чуда и во Кина и низ светов, овдешните „експерти“ блиски до власта велеа дека „погрешно ги дупнале и тунелите од автопатот“.
И затоа има разлика: Хрватска доби чудо од мост, а Македонија уште го чека автопатот кој требаше да биде готов пред пет години.
Please follow and like us: