Охридската гордост Марко утре ќе плива на релација Заум-Охрид, осмиот од десет предизвици за ова лето

Охрид Спорт

Oхридскиот пливајчки гениј, Марко Пејчиноски, утре ќе плива 18 километри на релација Заум-Охрид.

Овој викенд, недела, 07.08.2022, осмо препливување на релација Заум – Охрид (18км). Се гледаме на целта, порача Марко на својот фејбук профил.

Пред само една недела, Марко ја исполни седмата мисија на Охридското Езеро ова лето, препливувајќи ја дистанцата Радожда – Трпејца – Градише за 6 часа 52 минути 15 секунди.

До крајот на летото Марко ќе преплива, вклучително со утрешната, уште три релации на Охридското Езеро, вкупно 10 од поставениот предизвик, во должина од 250 километри.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged