Еден загинат, жена тешко повредена во несреќата утрово на патот Кичево-Гостивар

Регион Црна хроника

На 08.08.2022 во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

-На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, истакна Димоски.

Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

Please follow and like us:
Tagged