Полицијата во Охрид приведе две лица, кај кои пронајде ќесе со марихуана

Охрид Црна хроника

На 16-08-2022 година во 21.50 часот, во СВР Охрид приведени се 38-годишен жител од охридското село Велгошти и 28-годишен жител од селото Долно Лакочереј.

При преглед на автомобил, во кој биле двајцата, извршен во близина на селото Скребатно, полициските службеници кај жителот на Велгошти, пронашле и одзеле ќесе со марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged