Започнува Суперлигата, ГРК Охрид гостува кај Бутел

Спорт

Новата сезона од ракометната Суперлига во машка конкуренција почнува утре, а во првото коло ГРК Охрид му гостува на Бутел во Скопје.

Новиот ракометар во дресот на охриѓани, Владимир Бојаниќ, за ОХРИД 24 вели дека изминатиот период напорно тренирале и подготвени се да се сретнат со тимот на Бутел.

-Нема да се предадеме, ќе одиграме машки и на крај се надевам дека и ќе победиме”, изјави Бојаниќ.

ГРК Охрид во новата сезона влегува со големи амбиции, во клубот се врати тренерот Горан Андоновски, под чие раководство беше остварен најголемиот успех во историјата на клубот, а ангажираше и многу нови ракометари.

Во новиот формат на Суперлигата која ќе ја сочинуваат 16 екипи во две групи, ГРК Охрид ќе игра во групата А заедно со актуелниот шампион Вардар, Бутел, Струга, Прилеп, Алкалоид, Куманово и Вардар Неготино.

Please follow and like us:
Tagged