Охрид подготвен за Супер купот во ракомет

Охрид Спорт

Во недела (11 септември) во Спортска сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одигра Супер Куп натпреварот за сезона 2021/22 помеѓу екипите на РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер.

Организатор е ГРК Охрид заедно со Ракометната Федерација на Македонија.

Од ГРК Охрид велат дека тие како домаќини се подготвени за ракометниот спектакл. Спортскиот директор, Славчо Ристески, изјави дека се во постојана координација со надлежните служби за се да помине во најдобар ред.

“Овие денови имаме состаноци со сите засегнати страни, полицијата, РФМ. Ќе има засилено обезбедување, бидејќи најавено е присуство на двете навивачки групи, и Комити и Чкембари. Вратите на спортската сала, заради безбедност, ќе бидат затворени во 19:30 часот. Очекуваме се да помине во најдобар ред, а гледачите да бидат сведоци на еден ракометен спектакл”, истакна Ристески и притоа додаде дека им претставува чест и задоволство да бидат домаќини на ваков настан.

Натпреварот помеѓу РК Вардар и Еурофарм Пелистер започнува во 20:00 часот.

Please follow and like us:
Tagged