Продолжуваат градежните активности на улицата „Македонски Просветители“

Охрид

Градежните активности на улицата „Македонски Просветители“ кои беа ставени во мирување, продолжуваат.

За време на градежните активности на потегот ќе важи времен сообраќаен режим. Улицата „Македонски Просветители“ се затвора за сообраќај на потег од крстосницата со булевар. „Туристичка“ до крстосница со улица „Димитар Влахов“, а сообраќајот се пренасочува по околната улична мрежа, при што истиот ќе се одвива согласно времено поставената сообраќајна сигнализација.

Please follow and like us:
Tagged