Рустеми: Интензивно се работи на целата траса од Кичево до Охрид воведена е и втора смена

Охрид Регион

Завршувањето на изградбата на автопатот Кичево-Охрид според амандманот е до крајот на 2023 година и сега можам да кажам дека се работи интензивно на целата траса од Кичево до Охрид и е воведена и втора смена. Значи, досега не се работеше толку интензивно на оваа делница, рече денеска директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на почетокот на реконструкцијата на патот меѓу селата Робово и Муртино во Струмица.

На дополнително прашање колку е новата цена за изградбата на автопатот Кичево-Охрид, Рустеми одговори дека таа е според важечкиот договор усвоен во Собранието, односно со петтиот амандман. Според него, заради промената на односот на еврото и доларот, бидејќи договорот бил потпишан во долари и заради зголемувањето на цената на градежните материјали, не сака да шпекулира за цените и за износот и ќе се знае на крајот од изградбата.

Please follow and like us:
Tagged