(ФОТО) Падна дрво на улица “Кленоец”, кај касарната

Охрид

Огромно дрво падна утрово на улицата “Кленоец” во Охрид, во близина на поранешната касарна. Дрвото се откорнало по краткиот, но силен дожд, проследен со ветер, кој го зафати градот. 

Очевидци сведочат дека станува збор за големо и старо дрво, од видот јасика, кое се откорнало по невремето. Според информации од терен дел од дрвото е паднат врз покрив од куќа која се наоѓа во непосредна близина.

На лице место има и полициски службеници.

Please follow and like us: