Времето денеска променливо облачно, ветровито и посвежо

Охрид Регион

Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен северен ветер, што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 16 до 23 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во текот на работната недела времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Услови за локален дожд ќе има во среда.

Please follow and like us:
Tagged