„Охридски комуналец“ спроведува акција за расчистување и уредување на повеќе локации низ градот

Охрид

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ од рано утринава спроведува акција за расчистување и уредување на повеќе локации низ градот, објави градоначалникот Кирил Пецаков, на својата официјална Фејсбук страница.

“Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ работат во Горно Лакочереј ,Подмоље, брегот на Охридско Езеро и плажите”, напиша градоначалникот Пецаков.

Please follow and like us:
Tagged