Пецаков: Успешно реализиран проектот „Нашите првачиња“

Охрид

Успешно реализиран проектот „Нашите првачиња“, објави градоначалникот Кирил Пецаков, на својата официјална Фејсбук страница.

“Денес на сметките на 542 родители на деца запишани во прво оддделение во рамки на основните училишта во општина Охрид се исплатени по 3000 денари финансиска поддршка во рамки на проектот „Нашите првачиња“. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид во вкупен износ од 1.626.000 денари. На сите првачиња им поскаувам среќно детство и успешно образование”, напиша градоначалникот Пецаков.

Please follow and like us:
Tagged