Денеска (03.10.2022), по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Св. Наум го привеле А.П.(53) од Република Албанија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
“При контрола во патничко возило „фолксваген туран“, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Македонија кон Република Албанија”, соопшти Димоски.
А.П. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: алфа тв
Please follow and like us: