Полициски службеници при СВР Охрид утре на стрелиштето „Бејбунар“ ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање

Охрид

Утре (05.10.2022 година), со почеток од 09 часот, полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето „Бејбунар“ ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање.

Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

“Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”. Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници при СВР Охрид, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged