Средба на градоначалникот Пецаков со словачкиот амбасадор

Охрид

Денес градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш.

На средбата најмногу се зборуваше за продолжување на манифестацијата “По патеките на Св. Кирил и Методиј“, која неколку години поради Ковид кризата беше во прекин. На средбата присуствуваше и г. Стојан Лекоски, иницијатор на проектот, кој ја презентираше програмата на манифестацијата за следната година.

Програмата содржи низа активности (изложби, концерти, промоции), а се очекува во наредниот период да бидат прецизирани сите детали за учеството на Општина Охрид во манифестацијата.

Please follow and like us:
Tagged