Пред нас е сончев викенд, од вторник следи промена на времето

Македонија Охрид Регион

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно време со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Во деновите од викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во вторник ќе настапи зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.

Please follow and like us:
Tagged