(ФОТО) Протест против отворањето на бугарскиот клуб ,,Цар Борис Трети“ во Охрид

Охрид

Во напната и тензична атмосфера, со свирежи и извици „Фашисти, Татари“, охриѓани денеска го изразија револтот заради отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во центарот на Охрид.

,,Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“,„Со фашисти не се преговара“; „Фашизмот мора да падне“ беа само дел од транспарентите на протестот.

Демонстрантите ја пееја македонската химна, а фрлаа и со јајца кон канцеларијата на клубот.

Граѓаните велат дека не се против отворањето на вакви клубови, но сметаат дека изборот на името е чиста провокација.

На протестот имаше обид за апсење на демонстрант, при што дојде до судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Маж кој фрли со предмет кон терасата каде е сместен бугарскиот клуб и каде имаше гости присутни на свеченото отвoрање, требаше да биде уапсен, но по жестоките реакции на демонстрантите полицијата се откажа од намерата.

Please follow and like us: