Пецаков: Охрид е спремен за настава со физичко присуство, резервоарите за нафта се наполнети до февруари

Охрид

До февруари резервоарите на охридските училишта се наполнети со нафта и општина Охрид е спремна за настава со физичко присуство, истакна градоначалникот Кирил Пецаков, на денешната седница на Советот на општина Охрид, наменета за советнички прашања.

-Можеме да бидеме горди што за разлика од други општини, општина Охрид е потполно спремна да има настава со физичко присуство, и за тоа треба да сме сите горди, рече градоначалникот Пецаков.

Тој потсети дека се исплатени сите долгови на училиштата во висина од 20 милиони денари, успешно е реализиран проектот “За сите првачиња”, а ги наброја и останатите реализирани проекти во образованието.

Please follow and like us:
Tagged