Пет лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Струга

Охрид Регион Црна хроника

На 19.10.2022 во 12.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од Д.Ѓ.(32) од Охрид и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Р.(25) од с.Биџево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ј.Г.(26) од с.Мислешево, струшко, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Б.(26) и Е.Ј.(23), двајцата од Струга, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged