5 златни, 3 сребрени и 8 бронзени од „СРБИЈА ОПЕН 2022“ за Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид

Охрид Спорт

Викендов што помина Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид настапи на Меѓународен А класа Таеквондо ИТФ турнир „Србија Опен 2022“ во Нови Сад, Србија, каде што учествуваа околу 350 натпреварувачи од 42 клубови од 12 земји, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Словенија, БиХ, Австрија,Унгарија, Романија,Чешка, Молдавија и Македонија.

Нашиот клуб под водство на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 14 натпреварувачи, кои учествуваа во 2 дисциплини форми(борба со замислен противник) и спаринг борби, а исто така четири искусни натпреварувачи , настапија и како натпреварувачи и како судии, кои имаа претходно искуство во Корча.                                                                              

Христијана Парулеска, Елена Јанеска, Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ делеа правда, и се натпреваруваа, иако премногу напорно за нив, докажаа дека ако се сака се се може, па покрај одличното судење се закитија и со медали.

На овој престижен натпревар како што доликува, на Европски вицешампиони, Давид Крстески, Христијана Парулеска, Елена Јанеска се закитија со златни медали во борби во нивните категории, а Елена Јанеска си ја проба среќата и во потешка категорија +70 кг јуниорки 16-17 години, каде се закити со сребрен медал, за жал ја победија судиите во финале. Давид Крстески, Христијана Парулеска, Елена Јанеска го покажаа нивниот врвен квалитет, а покрај нив и некои помлади натпреварувачи направија одлични успеси, од кои можеме да ги издвоиме, Бојана Китановска, Анастасија Чулческа, Климент Богоески, Теодора Тодороска, а и останатите натпреварувачи влегоа со срце и вкупно освоија 16 медали, од кои 5 златни,  3 сребрени, 8 бронзени, изјави Марјанчо Лазаревски кој изрази најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој и овој пат е најзаслужен за нивниот успех. Лазаревски за 05.11 2022, најавува учество на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „Дубровник Опен 2022“ во Хрватска.

Освојувачи на медали:

– Христијана Парулеска 1 место (злато) борби -45 кг. женски кадети 12-13 години                                                                        

-Елена Јанеска 1 место (злато) борби  -70 кг.   женски јуниори 16-17 години, 2 место (сребро) борби  +70 кг. женски јуниори 16-17 години                                                                        

-Давид Крстески 1 место (злато) борби  -60 кг. јуниори 14-15 години

-Бојана Китаноска 1 место (злато) борби -30 кг. девојчиња 8-19 години

-Анастасија Чулческа 1 место (злато) форми жолт појас, женски кадети 12-13 години, 3 место (бронза) борби -50 кг. женски кадети 12-13 години 

-Теодора Тодороска 2 место (сребро) форми жолт појас, женски кадети 12-13 години

-Климент Богоески 2 место (сребро) борби, -60 кг. кадети 12-13 години

-Божидар Димитриевиќ 3 место (бронза) борби -92 кг,сениори 18-39 години, 3 место (бронза) форми црн појас I дан,сениори 18-39 години    

-Давид Велковски 3 место (бронза) борби -71кг,сениори 18-39 години, 3 место (бронза) форми црн појас I дан,сениори 18-39 години

-Давид Ристески 3 место (бронза) форми жолт појас, деца 10-11 години

-Марио  Крстески 3 место (бронза) борби -57 кг, јуниори 16-17 години, 3 место (бронза) форми црвен појас, јуниори 16-17 години      

Please follow and like us: