Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид од „СРБИЈА ОПЕН 2022“ се врати со 3 медали

Охрид Спорт

Викендов што помина Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид, настапи на Меѓународен А класа Таеквондо ИТФ турнир „Србија Опен 2022“ во Нови Сад, Србија, каде што учествуваа околу 350 натпреварувачи од 42 клубови од 12 земји, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Словенија, БиХ, Австрија,Унгарија, Романија,Чешка, Молдавија и Македонија.

Нашиот клуб под водство на Саша Поповски, носител на црн појас V дан, учествуваше со двајца натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.

Со оглед на големината и квалитетот на учесницита на овој натпревар, презадоволни сме од нашите натпреварувачи кои покажаа извонредна храброст и пожртвуваност, а со тоа имаат мотив да тренираат и уште понапорно, за да постигнеме  подобри резултати, изјави тренерот на клубот Саша Поповски, кој го донесе овој спорт во Македонија, воедно е и почесен претседател на Таеквон-до ИТФ во Македонија.

Освојувачи на медали се:

-Филип Митрески

3 место (бронза) борби +60 кг. кадети 12-13 години, 3 место (бронза) форми жолт појас, кадети 12-13 години

-Михаил Јоноски

3 место (бронза) форми зелен појас, јуниори 14-15 години   

Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид, на 05.11 2022, најавува и учество на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „Дубровник Опен 2022“ во Хрватска.

Воедно клубот врши и упис на нови членови кои сакаат да го изучуваат најатрактивниот боречки спорт.

Please follow and like us: