Втор натпревар и втори медали за Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“ од Косел-Охрид

Охрид Спорт

Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“ од Косел-Охрид, изминатиот викенд, настапи на Меѓународен А класа Таеквондо ИТФ турнир „Србија Опен 2022“ во Нови Сад, Србија, каде што учествуваа околу 350 натпреварувачи од 42 клубови од 12 земји, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Словенија, БиХ, Австрија,Унгарија, Романија,Чешка, Молдавија и Македонија.

Нашиот клуб учествуваше со 2 натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.

“Ова е второ учество на нашиот клуб, а воедно и втори медали, со што полека почнува да се пишува историјата на клубот. Најавуваме дека ќе се бориме за поголеми успеси со кои ќе се гордее нашата општина Охрид и Македонија, ни изјавија двајцата надежни натпреварувачи од  Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“ од Косел, Охрид       

Освојувачи на медали се:

-Лука Тодороски 3 место (бронза) форми зелен појас, јуниори 14-15 години   

-Михаил Крстаноски 3 место (бронза) борби -40  кг. кадети 12-13 години

Воедно Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“ од Косел-Охрид, врши и упис на нови членови.                       

Please follow and like us: