Ристески и Цејовиќ пред дуелот со Бутел: Да го дадеме максимумот за бодовите да останат во Охрид

Охрид Спорт

Екипата на Охрид во недела во рамки на осмото коло од Супер лигата го пречекува Бутел. Охриѓани ќе се обидат да се реваншираат за поразот во првото коло, кога на гости загубија со 24:23. Од таборот на Охрид велат дека се спремаат за натпреварот и дека ќе го дадат максимумот за бодовите да останат дома.

„Сега се најбитните натпревари за освојување на некој бод и пренесување во плеј-офот. Цела недела се подготвуваме за дуелот кој е многу значаен за нас и се надеваме на максимални три бода“, изјави спортскиот директор на Охрид, Славчо Ристески.

„Треба да влеземе во натпреварот сериозно, во сите 60 минути да бидеме концентрирани, да ја играме нашата игра, да не им дозволиме тие да ја водат играт и да се надеваме на победа и освојување на три бода“, изјави десното крило Балша Цејовиќ.

Натпреварот помеѓу Охрид и Бутел се игра во недела, 30 октомври, во спортската сала „Билјанини Извори“, со почеток во 18:30 часот.   

Please follow and like us:
Tagged