68-годишен охриѓанец е лицето кое вчера падна кај плажата „Лабино“

Охрид Црна хроника

На 02.11.2022 година во 13.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека е пронајдено повредено лице на плажата „Лабино“ на брегот на Охридското Езеро во Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

“Од извршениот увид констатирано е дека В.П.(68) од Охрид се движел покрај карпите над плажата и паднал, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош”, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged