Ни следуваат многу продолжени викенди: Еве кои ќе бидат неработни денови во 2023 година

Македонија

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2023 година.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ:
01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден,
07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
1 мај (понеделник), Ден на трудот,
24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
02 август (среда), Ден на Републиката,
8 септември (петок), Ден на независноста,
11 октомври (среда), Ден на народното востание,
23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
8 декември (петок), „Св. Климент Охридски“.
За граѓаните од православна вероисповед
06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик,
19 јануари (четврток), Богојавление (Водици),
14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
10 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
01 ноември (среда), Празникот на сите светци,
25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
За граѓаните припадници на албанската заедница
22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на српската заедница
27 јануари (петок), Свети Сава.
За граѓаните припадници на ромската заедница
08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите.
За граѓаните припадници на влашката заедница
23 мај (вторник), Национален ден на Власите.
За граѓаните припадници на еврејската заедница
25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За граѓаните припадници на бошњачката заедница
28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците.
За граѓаните припадници на турската заедница
21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Please follow and like us:
Tagged