Пецаков: Охрид се менува, посветено продолжуваме да градиме нова иднина

Охрид

Во рамки на настанот „Саемот на промените што носат иднина“, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска ги претстави и презентираше промените кои новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во Охрид.

“Реализацијата на бројните проекти се показател дека умееме, можеме и имаме идеа за содавање на нова иднина. Во изминатите 365 дена започнавме и изградвиме нови улици и патишта, ги реконструираме старите, градиме нова и ја реконструираме водоводната, фекалната и атмосферската мрежа. Градиме нови повеќенаменски игралишта. Како никогаш до сега ставен е акцентот на спортот и здравиот развој на децата, посветивме големо внимание на културата, се грижиме за младите и им обезбедивме центар за нивно истакнување, поддржуваме и субвенционираме. Штедиме и отплаќаме стари долгови. Воведовме ред во основното и средното образование.

Покрај реализацијата на проектите, ја отворивме Локалната самоуправа да биде достапна за граѓаните. Постојано сме во комуникација со нашите сограѓани преку средбите кои ги организираме. Сето тоа Охриѓани го чувствуваат и гледаат.

Охрид се менува. Посветено продолжуваме да градиме нова иднина за Охрид”, напиша градоначалникот Пецаков на Фејсбук.

Please follow and like us:
Tagged