Четворица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево, кај Врбјани

Регион

На 05.11.2022 во 09.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Врбјани, патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(42) од Кичево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.К.(42) од Кичево, а Б.К. и уште двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged