Во домот на охриѓанец полицијата пронајде марихуана, дигитална вага и други предмети

Охрид Црна хроника

На 08.11.2022 во СВР Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога, лишија од слобода 41-годишен охриѓанец.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот,  против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged